Екипата на Јанта Волеј направи голем успех и по четврти пат е шампион на . Во финалната серија, во скопската пресметка, тимот го детронизира Работнички, кого го совлада со 3-1 во сетови во четвртиот меч и така ја заврши серијата со 3-1. Домаќинот одигра слабо на поентерски план во првиот сет, имаше и двојно повеќе грешки од Работнички, а тоа му дозволи да го освои првиот сет со 14-25. Во вториот сет, по голема борба, Јанта Волеј успеа да израмни на 1-1 (25-23), додека во третиот, домаќинот имаше убедливо водство, но пропушти три-сет топки, за на крај да биде 25-19 и 2-1. Четвртиот сет беше најнеизвесен од сите, Јанта Волеј имаше предност, потоа тргна Работнички и се врати, а во средината беше 17-16. Со смеч на Стојановска, се замина на 18-16, потоа беше 23-22, а откако Милевска направи сервис грешка за Работнички, прва за неа на мечот, Стојковска со поен ја донесе титулата (25-22). Најдобра поентерка кај победникот беше Мери Бошковска со 19 поени, Ива Стојковска постигна 12 поени, додека кај Работнички, Стакхаус имаше 13 поени, што е најдобар нејзин учинок во оваа финална серија, исто колку што имаше и Мила Дикова.
Одбојкарките на Јанта Волеј го освоија шампионскиот трофеј, откако синоќа во Скопје го совлада Работнички со 3:1 во сетови.