Фудбалската федерација на (ФФМ) експресно се огласи со соопштение поради случувањата од денешното коло од Втората македонска фудбалска лига.
ФФМ најави дека ќе ја продолжи борбата за чист и фер-плеј спорт по големиот скандал кој денеска се случи во Гевгелија, а со тоа јасно најави жестоки казни за сите инволвирани во фудбалската „местенка“ која ја режираа Кожув и Башкими.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со длабоко разочарување и огорченост го следеше натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими од Втора МФЛ.
Голема врева се крена по вчерашниот натпревар меѓу Кожуф и Башкими, одигран во Гевгелија, а кој беше решен со сомнителен гол во 92. минута.