Денеска со почеток од 18 часот, ракометната репрезентација на Македонија ѝ гостува на Естонија во претпоследниот меч од квалификациите за Европското првенство, победа е единствената опција за момците на Кире Лазаров.
Ќе се подготвиме максимално и сите треба да играме и да очекуваме две убедливи победи против Естонија и Литванија, вели левиот бек Филип Кузмановски Ракометната репрезентација на Македонија предводена од селекторот Кирил Лазаров во неделата попладне го имаше првиот собир пред одигрувањето на последните два дуела од квалификациите за Европското првенство (ЕП), кое ќе се одржи од 15 јануари до 1 февруари 2026 година во Данска, Норвешка и во Шведска.