Дваесет и шест годишниот Британец Џеј Кларк е победник на годинашното издание на АТП Челинџер 75 турнирот Macedonian Open 2025, откако во финалето, кое траеше 84 минути, го совлада тенисерот Нермин Фатиќ од Босна и Херцеговина со 2-0 во сетови (6:2, 6:3). За триумфот, Кларк освои 75 АТП поени и паричен износ од 19.200 евра, додека финалистот Фатиќ доби 44 поени и 7.620 евра. Sportskamreza