Јавното претпријатие за државни патишта информира за завршува во рок рехабилитацијата на магистралниот пат Охрид – Св. Наум во должина од 24,3 километри.
Завршува во рок рехабилитацијата на магистралниот пат Охрид – Св. Наум во должина од 24,3 километри, информираат од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Иако важноста на делницата Охрид-Св. Наум е исклучителна бидејќи е магистрален пат кој има регионално значење и претставува патна врска со Република Албанија цели четири децении чекаше за рехабилитација која започна во август 2023 година и која сега е на самиот крај и завршува во предвидениот рок за изведба пред почетокот на летната сезона, а тоа е јуни 2025 година, потенцираат од ЈПДП.