Во текот на својата кариера, Гаске се искачи до седмото место на АТП листата, трипати стигна до полуфинале на Гренд слем турнирите (двапати на Вимблдон и еднаш на УС Опен), иако не успеа да освои трофеј на Мастерс 1000 турнирите, и покрај трите финалиња (двапати во Торонто, еднаш во Хамбург). Сепак, неговото име останува запишано со 16 АТП титули од вкупно 33 финалиња, последната освоена во Окленд во 2023 година.