Светската асоцијација на фудбалски сојузи (ИФАБ) која е задолжена за промена на фудбалските правила донесе значајна одлука, од која најразочарани ќе бидат навивачите на Атлетико Мадрид.
Според новата одлука, ако фудбалерот при изведување на пенал случајно двапати ја допре топката, а таа заврши во мрежата, наместо да биде поништен голот, пеналот ќе се повтори.