РК Алкалоид за прв пат во историјата освоји европски пехар, а Кире Лазаров и како играч и како тренер може да се пофали со тоа.
Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе одлука за натпреварот со Алкалоид-АЕК во Скопје, во рамки од финалето во Европскиот Куп.„ЕХФ Судот за ракомет увиде дека АЕК задолжително мораше да учествува на закажаниот натпревар.
Екипата на АЕК демонстрира ретко видена арогантност пред две недели кога одби да го игра реваншот од финалето на Европскиот куп против Алкалоид во Скопје, наводно поради притисок на навивачите кои не добиле толку билети за „Борис Трајковски“ колку што самите си замислиле, но денеска, кога го загубија мечот и останаа без трофејот се кротки како јагниња.
Ракометниот клуб Алкалоид е победник на Европскиот куп, одлучи денеска Европската ракометна федерација (ЕХФ). Алкалоид го доби со службени 10-0 реванш натпревар кој не се одигра во Скопје, поради одлуката на грчки АЕК да не излезе на терен, и со две победи, и по онаа во Атина, го освои трофејот во Европскиот куп.