Македонскиот тенисер Калин Ивановски се пласираше во полуфиналето на ИТФ фјучерсот во Загреб, откако денеска во четвртфиналето го победи домашниот тенисер Вито Тонејц со 2-1 во сетови (6-4, 6-7(5), 6-2). Дуелот донесе голема борба за секој поен и одиграни вкупно 218 поени (117:101 за Ивановски) по три часа игра. Netpress