Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев, се сретна со амбасадори и дипломати од амбасадите на земјите членки на Европската унија, САД, Канада, Обединетото Кралство и Швајцарија во Софија, јавува 24 часа, пренесува Трибуна.
„Континуираните неприфатливи политики на кршење на правата на граѓаните со бугарски идентитет во Македонија ја потврдуваат постојната објективна потреба од финансиски обезбеден механизам за правна заштита и процедурално застапување во случаи на политички мотивирани гонења, манифестации на дискриминација, говор на омраза и злосторства од омраза на антибугарска основа“.