Најдобриот стрелец во Италија во последните 15 години, Чиро Имобиле (35), се согласи на меѓусебен раскин на договорот со турскиот гигант Бешикташ, каде настапуваше изминатата сезона, и ќе се врати во својата татковина, јавија денеска италијанските медиуми.
Фото/ EPA-EFE/ERDEM SAHIN Искусниот италијански напаѓач Чиро Имобиле (35) се враќа во Серија А. Неговиот нов клуб е Болоња, тврди најпознатиот трансфер инсајдер Фабрицио Романо.