Сите страни во конфликтот во Украина мора да го продлабочат дијалогот за да најдат мирно решение и да воспостават траен мир, изјави бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва на отворањето на самитот на БРИКС во Рио де Жанеиро.
На Самитот ќе се разговара за: поефикасен систем на плаќање на БРИКС за зголемување на трговијата и инвестициите; инклузивно и етичко управување со вештачката интелигенција (ВИ); климатска агенда за рекалибрирање на политиката на финансирање на климата; поголема соработка во јавното здравство; глобална реформа на мултилатералниот мировен систем и за активностите за подобрување на институционалната структура и кохезија.
БРИКС добива сè повеќе истомисленици меѓу земјите од глобалниот Југ и Исток, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин, зборувајќи преку видео врска на самитот на БРИКС што се одржува во Рио де Жанеиро.