Новак Ѓоковиќ ја мина и третата пречка на УС Опен и се пласира во осминафиналето на американскиот грен-слем турнир.
Србинот добро го почна мечот, првиот сет го добо со еден освоен брејк, беше 6-4. Во вториот сет двајцата тенисери беа перфектни на свој сервис, па тајбрејкот одлучуваше кој ќе го добие.
Во него Нори беше поуспешен со 7-4 и израмни на 1-1. По загубениот сет Новак го крена нивото и наредните два ги доби со 6-2 и 6-3 заверувајќи ја победата од 3-1. Во осминафиналето Ѓоковиќ ќе игра против Штруф кој со максимални 3-0 го победи Тиафо.