Македонскиот репрезентативен голман, Мартин Томовски, имаше блескава партија за Битигхајм-Метерцимерн на гостувањето кај Елбфлоренц, па си заработи место во идеалниот тим на колото во 2. Бундеслига. Томовски имаше неверојатна партија, тоа беше и деби натпревар за него во Втората Бундеслига, Македонецот одбрани дури 20 топки.