Од: А1он Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Отвореното првенство на САД, откако по голема борба го победи Американецот Тејлор Фриц со 6:3, 7:5, 3:6, 6:4. Ѓоковиќ го победи Фриц по 11-ти пат по ред и го израмни рекордот на легендарниот Американец Џими Конорс со 14 полуфиналиња во Њујорк. Негов ривал за 11-тото финале ќе биде Шпанецот Карлос Алкараз, кој претходно го победи Чехот Јиржи Лехечка со 3:0.