Џорџо Армани / Фото: EPA Во Милано: Познато е како ќе изгледа погребот на Џорџо Армани, неговата последна желба По јавната комеморација, каде што обожавателите ќе можат да му оддадат последна почит, погребот на Џорџо Армани ќе се одржи далеку од очите на јавноста, тоа била неговата желба. Во четвртокот на 4 септември, низ целиот свет се прошири веста дека Џорџо Армани, легендарниот дизајнер и визионер кој ја обележа светската мода со својата работа и остави неизбришлив белег во историјата на италијанскиот стил, почина на 91-годишна возраст.