Обожавателите, музичарите и поранешните членови на бендот му оддадоа почит на Ози Озборн, фронтменот на легендарниот хеви метал бенд Блек Сабат, кој почина на 76-годишна возраст.
Членовите на Блек Сабат „изгубија брат“, рече ко-основачот на бендот Тони Ајоми, додека басистот Теренс „Гизер“ Батлер се потсети на нивниот последен заеднички настап, а тапанарот Бил Ворд сподели нивна заедничка фотографија, објави Би-Би-Си. Смртта на музичката икона, која ја објави неговото семејство во вторник, се случи само неколку недели откако бендот одржа проштален концерт во неговиот роден Бирмингем.