Македонскиот КИЦ во Загреб, во рамките на официјалната програма на најголемиот хрватски фестивал за традиционална музика и танц „Меѓународна смотра на фолклорот“, го одбележа јубилејот 10. години од впишувањетo на “Гласоечкото пеење Долни Полог” на Ургентната листа на УНЕСКО со настапот на „Трио Гавровски“ заедно со Дарко Коцев, мултиталенриран инструменталист кој живее и работи во Германија. Nezavisen
Покрај овие два настапи, во знак на одбележување на јубилејот, во просториите на македонскиот КИЦ во Загреб, а во рамките на програмата на 59. „Меѓународна смотра на фолклорот“ беше одржана трибина, ,,Нематеријална култура и идентитети: хрватски и македонски добра на листите на УНЕСКО”.
Главна цел на трибината беше промоција на македонското нематеријално културно наследството и продлабочување на хрватско-македонските релации на полето на афирмација на хрватските и македонските нематеријални добра запишани на листите на УНЕСКО. Nezavisen
Воведно излагање имаше м-р Мими Ѓоргоска Илиевска, директорка на македонскиот КИЦ во Загреб.
Свои излагања имаа и Весела Честоева, директорка на Управата за заштита на културното наследство, д-р Мирела Хроватин од Институт за антропологија – Загреб, м-р Ивона Опетческа Татарчевска, национален координатор за Конвенцијата 2003 за нематеријално културно наследство на УНЕСКО, како и проф. д-р Твртко Зебец, уметнички директор на „Меѓународната смотра на фолклорот“, голем пријател и соработник на Македонија во областа на заштитата на нематеријалното културно наследство. Nezavisen