Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
54
52.26
40.28
10.61/5.36
54.00
23.90
0.44
4919.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 54
99 ■ 0.99/0.01 ■ 6 ■ 1049.3
Best clustering variants
99 0.99/0.01 6 1049.3
Republika

На сцените низ градот ќе настапат најеминентните пијанисти Михаил Пљетњов, Лукаш Вондрачек, виолинистите Вадим Глузман и Џек Либек, виолончелистот Даниел Мулер Шот, легендарната кастањета уметница Лучера Тено во дуо со еден од најзастапените светски харфисти Хавиер де Маестре,… Во музичкиот дел од програмата тука се и настапите на гудачкиот квартет на кралскиот Концертгебау од Холандија, како и оркестарот Симфониета ди Болоња како претставници на најпрестижните национални оркестри во светот воопшто.

Програмата предвидува и претстава за деца, како и два џез-концерти меѓу кои еден на познатиот охридски уметник Дамјан Пејчиновски, како и настап на Националниот џез оркестар со големата ѕвезда Шеон Кути, како обид на фестивалот да ја збогати понудата и да се допре и до најсофистицираните уметнички уживатели. Republika

08:05 h 14-Jul-2025
  • Под ѕвезденото небо на Античкиот театар во Охрид, синоќа величествено беше отворено јубилејното 65. издание на фестивалот „Охридско лето“ со моќните ноти на Бернштајн, Гершвин и Имери.
  • ◉ Гала концерт вечерва на Скопско лето
22:44 h 12-Jul-2025
  • Охрид од вечерва се до 20 август ги живее своите 40 дена возбуда што ги носи фестивалот „Охридско лето“.
  • „Охрид се отвора како волшебна школка и од него излегува највредниот бисер - уметноста“: Подигната завесата на 65. издание на фестивалот „Охридско лето“ - Реален Медиум за Реални Луѓе - Македонски Медиа Сервис
20:49 h
  • Во присуство на голем број јавни личности, меѓу нив претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Албанија Бајрам Бегај, претседателот на Владата на РМ, Христијан Мицкоски, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, претставници на дипломатскиот кор, како и вљубеници во културата и уметноста на исполнетиот Антички театар во Охрид беше свечено отворено јубилејното 65. издание на реномираниот фестивал „Охридско лето“.
  • Отворено јубилејното 65. „Охридско лето“, градот пулсира во ритамот на културата
05:25 h
  • Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде отворено годинешното 65-то издание на најголемата и најпознатата музичко сценска манифестација во земјата, Фестивалот „Охридско лето“.
  • На сцената на Античкиот театар, ќе блесне 65. издание на фестивалот „Охридско лето“
00:28 h
  • Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во вилата „Билјана“ во Охрид имаше чест да ги прими уметниците кои утревечер ќе го отворат 65. издание на фестивалот „Охридско лето“.
  • Сиљановска-Давкова ги прими уметниците кои утре вечер ќе го отворат „Охридското лето“
Mms

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска палка на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар беше отворено годинешното 65-то издание на најголемата и најпознатата музичко сценска манифестација во земјата, фестивалот „Охридско лето“.

Фестивалот за отворен го прогласи покровителот на манифестацијата, претседателката на државата, Гордана Сиљановска – Давкова, која истакна дека вистинската уметност не е рамнодушна, туку длабоко хумана, не е бескрвна, туку бунтовна, не е привремена, туку безвременска… -На бреговите на древното и се уште прекрасно езеро, под ѕвездениот свод и под Самуиловите кули, течеле тегобни и среќни времиња, се нижеле милениуми и векови, се менувале царства, ропства, окупации и ослободувања, се граделе и осветувале цркви, манастири, школи и куќи, се пишувале азбуки и книги, се сликале фрески и икони со божја помош, се пееле молитви, но и свадбарски песни, се бодрела верата, се челичел умот, се негувала љубовта, се изразувала страста…Охрид е град на вековни дијалози: минатото комуницира со сегашноста, светците и свештениците со верниците, рибите со рибарите и галебите, уметниците со езерската шир, со планините и небото, домаќините со гостите… Од двата брега на езерото, инспирација црпеле првиот македонски романтичар, Константин Миладинов, но и првиот албански модернист, Лазгуш Порадеци, рече таа. Mms

Kurir

Фестивалот за отворен го прогласи покровителот на манифестацијата, претседателката на државата, Гордана Сиљановска – Давкова, која истакна дека вистинската уметност не е рамнодушна, туку длабоко хумана, не е бескрвна, туку бунтовна, не е привремена, туку безвременска… -На бреговите на древното и се уште прекрасно езеро, под ѕвездениот свод и под Самуиловите кули, течеле тегобни и среќни времиња, се нижеле милениуми и векови, се менувале царства, ропства, окупации и ослободувања, се граделе и осветувале цркви, манастири, школи и куќи, се пишувале азбуки и книги, се сликале фрески и икони со божја помош, се пееле молитви, но и свадбарски песни, се бодрела верата, се челичел умот, се негувала љубовта, се изразувала страста…Охрид е град на вековни дијалози: минатото комуницира со сегашноста, светците и свештениците со верниците, рибите со рибарите и галебите, уметниците со езерската шир, со планините и небото, домаќините со гостите… Од двата брега на езерото, инспирација црпеле првиот македонски романтичар, Константин Миладинов, но и првиот албански модернист, Лазгуш Порадеци, рече таа.

Во фестивалските ноќи, како што истакна Сиљановска – Давкова, кога уморното сонце ќе зажари и исчезне, а уметноста пее и игра со универзумот, кога охриѓани ќе ги прифатат славните, но и обичните новодојденци како блиски пријатели, кога градот ќе стане светска уметничка република, чии сезонски жители се жедни и желни за уметност, секој знае и чувствува дека се случува „Охридско лето” во кое учествуваат врвни културни творци и дејци. Kurir

Centar

Во продолжение е интегралното обраќање на претседателката Сиљановска-Давкова: Почитуван претседател Бајрам Бегај, Почитуван премиер Христијан Мицкоски, Почитувани министри, Почитуван градоначалник Кирил Пецаков, Почитувани претставници на дипломатскиот кор, Сакани охриѓани, врвни уметнички учители, талентирани и посветени ученици, вљубеници во уметноста и во културата, почитувани гости, Верувам дека нашиот чуден, а напати и бизарен свет, обременет со стравови, конфликти и неправди, има насушна потреба од духовност, убавина, светлина, копнеж и надеж!

Сепак, соочени со небиднината, мислам дека вреди, инспирирани од Ниче, да побараме спас во музиката и играта, докажувајќи дека животот не е грешка и дека вреди да се живее тука и сега, без лоши мисли и намери, со отворено срце и ослободен ум. Недалеку од тука, во црквата Св. „Софија“, големиот француски поет Жан Пјер Симеон рече дека уметноста ѝ „дава смисла на човечката авантура во овој безмилосен свет“. Centar

Inovativnost

Поддршката од А1 Македонија овозможува оваа приказна да добие нови димензии, со современ пристап и иновативен дух кој го обединува минатото и иднината,“ изјави Ѓорѓи Цуцковски, директор на фестивалот Охридско лето.- Advertisement - Фестивалската програма започна со голем симфониски концерт на Македонската филхармонија, под диригентската палка на Едвин Оутвотер (САД), со солистички настап на пијанистката Клер Хуангчи (САД). Концертот беше збогатен со иновативен 3D мапинг Рафаел Карико (Португалија), специјално подготвен за отворањето, со што се создаде вистинско аудиовизуелно доживување за публиката од земјата и странство.

Покрај својата улога како генерален спонзор, А1 Македонија активно учествува во фестивалската атмосфера во текот на целото лето со низа креативни и интерактивни содржини што публиката може да ги следи на А1 профилите на социјалните мрежи. Inovativnost