Јас му честитам на директорот за посветената работа изминатиов период откако е директор се разбира затоа што и самиот кажа дека 7 години буквално ништо не било направено како што можете да видите денеска комплетно ликот на ова прекрасно место е изменет и делува сосема поинаку споредено со состојбата од пред година и пол, две.
Така што само посакувам успешна работа и понатаму самиот тој кажа дека тука не застануваме со инвестиции, продолжуваме и понатаму им честитам и на останатите коишто беа вклучени во поддршката на реализацијата на овој проект, министерот, градоначалникот, сите останати коишто помогнаа тука е и министерот за транспорт и потпретседател на Влада којшто силно е фокусиран во делот на подобрување на инфраструктурата во Охрид и околината, пратениците во Собранието коишто жестоко се борат за проект повеќе за Охрид. Centar
Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министрите за култура и туризам, Зоран Љутков, и за транспорт Александар Николоски, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, како и пратеници во Собранието, ја промовираа реконстукцијата на Музејот на вода во Охрид, заедно со наколната населба во Заливот на коските кај Градиште на брегот на Охридското Езеро. Makfax
Обновени се палафитната населба, на изложбениот простор во музејот, санитарните јазли, осветлувањето, вентилацијата, а ќе се спроведе и наводнувањето на локалитетот, за што веќе е избран изведувач.
Премиерот Мицкоски истакна дека очекува со консолидирањето на состојбите во земјата да се зголемат и инвестициите во културата. Makfax
Во наредниот период ќе инвестираме и во други содржини во Охрид, како што гледам и патната инфраструктура е доста подобрена, се подобруваат условите и ќе продолжиме со исто темпо и натаму, рече Љутков.
Градоначалникот на Охрид, Пецаков од своја страна рече дека изминатите триесеттина дена во Охрид се бележат повеќе важни настани директно поврзани со инфраструктуриниот развој на Охрид, но и инфраструктурата поврзана со туризмот. Tocka
Ова е само почеток и преку соработка на локалната самоуправа со централната власт очекувајте уште многу вложувања во наредниот период, рече Пецаков.
Реконструкцијата на локалитетот Музеј на вода – Залив на коските е реализирано преку средства што се обезбедени од НУ „Завод и музеј – Охрид“, како дел од пошироката стратегија за поддршка на културното наследство и развој на туризмот во Охрид. Tocka
Пуштањето во употреба на реконстуираниот пат Охрид-Св. Наум и утре делот од автопатското решение од Охрид до Врбјани означува само подобар и полесен пристап на туристите, зголемен број на туристи и поголема атрактивност на градот.
Ова е само еден вид на почеток и во соработка на локалната и централната власт ќе има уште многу вложувања во наредниот период, потенцираше Пецаков. Ohridnews
Така што само посакувам успешна работа и понатаму самиот тој кажа дека тука не застануваме со инвестиции, продолжуваме и понатаму им честитам и на останатите коишто беа вклучени во поддршката на реализацијата на овој проект, министерот, градоначалникот, сите останати коишто помогнаа тука е и министерот за транспорт и потпретседател на Влада којшто силно е фокусиран во делот на подобрување на инфраструктурата во Охрид и околината, пратениците во Собранието коишто жестоко се борат за проект повеќе за Охрид.
Така што кога имаме една ваква енергија којашто се обединува помеѓу локалната и централната Влада тогаш резултатите и успехот се неизоставени“, изјави премиерот Христијан Мицкоски на пуштањето во употреба на целосно санираниот Музеј на вода, наколна населба во заливот на Коските во Охрид. Centar