Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
11
5.15
8.95
4.13/0.45
11.00
1.82
0.17
948.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 11
55 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 65.9
Best clustering variants
55 0.99/0.01 2 65.9
Republika

Вечера свечено ќе биде доделена наградата BookStar 2024 на Јон Калман Стефансон од Исланд на Фестивалот кој го организира издавачката куќа „Антолог“, а потоа следи концерт на Чалгија Саунд Систем а по повод двата јубилеја – 10 години „Букстар“ и 25 години „Антолог“.

Денот ќе започне со „Книжевно отворање кон Европа – македонско искуство“ – значајната втора конвенција на претставници на издавачкиот сектор во склоп на програмата Publishing Europe Fellowship. Учесници ќе бидат Владимир Мартиновски, Билјана Туџаровска-Ќупева, Живко Грозданоски, Снежана Стојчевска, Тијана Милиќ, како и Надеж Агило (Франција), Џорџија Спадони (Италија), Тино Шленх (Австрија/Германија), Манол Пејков (Бугарија), Бенјамин Лангер (Германија). Настанот ќе се одржи на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, каде што одделни средби со студентите ќе имаат Мирженка Чехова и Паола Перети. Republika

Novamakedonija

Вечерта се заокружи со книжевен стендап-настап на Марјан Георгиевски, кој наместо половина час, траеше речиси деведесет минути, а во текот на денот се одржа и книжевно читање „Преобразба(та)“/“The metamorphosis”, кое го водеше Пепи Стамков а на кое се претставија пет домашни (Оливера Ќорвезироска, Васко Марковски, Биљана Стојановска, Живко Грозданоски, Ана Голејшка-Џикова) и пет странски автори, потоа, Паола Перети од Италија одржа креативна работилница за деца и тинејџери, а поткаст со Кристијан Новак од Хрватска и Јон Калман Стефансон од Исланд, имаше Душко Крстевски.

Исто така, во претпладневните часови беше организирана и традиционалната неформална туристичка тура „Кога писателот шета писатели“, која ја предводеше Васко Марковски, преку која гостите запознаа дел од историското и културно милје на Скопје и на нашата држава. Novamakedonija

Kajgana

Добитникот на наградата „Букстар“, Јон Калман Стефансон од Исланд, ни призна дека ова е нешто поразлично од сето она на кое има присуствувано и ги поттикна читателите што повеќе да читаат.

Покрај авторите, дел од фестивалот беа и реномирани европски издавачи, така што претставниците на издавачките куќи и авторите имаа можност да се сретнат со Надеж Агило (Франција) – извршна директорка на издавачката куќа „Агило“ од Бордо; Тино Шленх (Австрија/Германија) – куратор за книжевната програма на „Културзомер“ – Виена, Австрија; Џорџа Спадони (Италија) – преведувач и надворешен соработник за издавачката куќа „Ботега Еранте“ – Удине, Италија; Манол Пејков (Бугарија) – сопственик на издавачката куќа „Жанет 45“ – Пловдив и на Софиската книжевна агенција – Софија, Бугарија; Бенјамин Лангер – преведувач од македонски на германски јазик и соработник на „Традуки“. Kajgana