Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ја посети Националната установа Македонски народен театар (МНТ), при што потенцираше дека оваа установа тенденциозно не се одржувала седум години.
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, во рамките на редовните посети на институциите од областа на културата, денеска го посети Македонскиот народен театар, а присуствуваше и на пробата на актерите за претставата „12“ , адаптација на познатото сценарио „Дванаесет гневни луѓе“ во режија на Синиша ефтимов.
Неколку работни групи работат на случајот со Универзалната сала.