Илјадници години Балканот претставувал крстопат кој креирал мозаик на култури, јазици и религии.
Тука живееле Илири, Тракијци, Дакијци, регионот бил под влијанија на Римското царство, на Византија и на Отоманското царство.
Пламенка Трајковска и членовите на гудачкиот квартет имаат реализирано повеќе проекти во кои обработуваат теми на светското музичко наследство.
До сега Пламенка има направено аранжмани за македонски фолклорни теми во класичен и кросовер стил и тоа: Ој девојче, Шумат кај шумат шумите, Елено ќерко, Ај да бегаме мори Васе , Ламенто вело и други. Nezavisen
Аранжманите за гудачки квартет ги подготви Пламенка Трајковска.
Концертот „Балканско патување“ претставува музички истражувачки проект во кој се откриваат заедничките музички корени на балканските простори, богатата балканска музичка ризница и одделните мелодиски и ритмички елементи, кои се блиски на регионот, а за кои одделните народи сметаат дека се нивни автентични. Republika
Концертот претставува музички истражувачки проект, во кој се откриваат заедничките музички корени на балканските простори, богатата балканска музичка ризница и одделните мелодиски и ритмички елементи, кои се блиски на регионот а за кои одделните народи сметаат дека се нивни автентични.
Овие заеднички елементи се користени како основа за создавање на нови композиции со гудачки квартет. Nezavisen
Во новите композиции струјат неколку доминанти елементи и тоа: влијанијата на класичната музика и сосема класичниот инструментариум на гудачкиот квартет,заедничките мелодиски и ритмички линии од сите региони на Балканот, и аранжмански пристап кој има за цел да ги отслика музичките прелевања од регион во регион.
Сите овие елементи се вткаени во нови музички слики кои имаат само еден наслов – балканска композиција. Nezavisen
Овие заеднички елементи се користени како основа за создавање на нови композиции со гудачки квартет.
Во новите композиции струјат неколку доминанти елементи и тоа: влијанијата на класичната музика и сосема класичниот инструментариум на гудачкиот квартет,заедничките мелодиски и ритмички линии од сите региони на Балканот, и аранжмански пристап кој има за цел да ги отслика музичките прелевања од регион во регион. Nezavisen
Пламенка Трајковска досега има настапено на речиси сите позначајни сцени и фестивали кај нас и има реализирано концерти во Хрватска, Србија, Бугарија, Грција, Франција, Танзанија и Турција.
Концертот се реализира со поддршка на Министерството за култура, Дирекција за култура и уметност, Скопје, Музеј на Македонската борба и Здружение Пламенка Трајковска – МКС, Скопје. Republika
Вечерва од 20 часот на сцената на Албански театар во Скопје ќе биде прикажана претставата „Без крв“ од авторот Алесандр Барико, а во режија на Дијана Добрева, во рамките на 49. издание на Млад отворен театар (МОТ). Претставата е ко-продукција на Драмски театар од Пловдив и народниот теата „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ од Велес.
Во рамките на 49.издание на театарскиот фестивал МОТ, денеска во МКЦ ќе се одржи работилница и перформанс насловен „Мoving inside out“, а подоцна и премиера на претставата „Без крв“, која е дел од двегодишниот меѓународен проект „Манифест“ на Драмски театар – Пловдив и Народниот театар „Јордан Хаџиконстантинов – Џинот“ – Велес.
Во Кинотеката на Македонија вечерва во 19 часот ќе биде поставена фотоизложбата „Што носеше кога сама си го бараше?“. Поставката ги пренесува приказните на 15 жени кои гласно и храбро зборуваат за сексуалното вознемирување и насилство со кое се соочиле во својот живот.
Фотоизложбата „Што носеше кога сама си го бараше?“ на Види Вака во соработка со фотографката Ерина П. Богоева ќе биде отворена на 21 ноември во 19 часот во Кинотеката на Македонија и ќе биде поставена до 25 ноември.
Embedded video for Премиера на тетарска претстава во МНТ.
На 20 ноември на големата сцена во Македонскиот народен театар (МНТ) со почеток во 20 часот ќе се случи долго очекуваната изведба на претставата „12“ во адаптација и режија на Синиша Евтимов, работена по мотивите (12 Angry Men) од Реџиналд Роуз.
Марко Гутиќ Мижимаков за кусиот уметнички филм „Лов на змејки“ е добитник на нaградата „ДЕНЕС“, којашто се доделува на млад визуелен уметник до 35 години во Македонија.
Наградата „ДЕНЕС“ за млад визуелн уметник до 35 години во Македонија се доделува по осумнаесетти пат, а доделувањето ќе се одржи на изложбата на тројцата финалисти во националната галерија „Мала станица“ во Скопје на 19 ноември со почеток во 20 часот.
Изложба посветена на доајенот на современото македонско сликарство Вангел Коџоман ќе биде отворена вечерва, во 20 ќасот во Даут-пашин амам, во Скопје, по повод 120 години од неговото раѓање.
Во организација на Националната галерија на Северна Македонија вечер во Даут-пашин амам ќе биде отворена изложба посветена на доајенот на современото македонско сликарство Вангел Коџоман.