Вечерва од 20 часот на сцената на Албански театар во Скопје ќе биде прикажана претставата „Без крв“ од авторот Алесандр Барико, а во режија на Дијана Добрева, во рамките на 49. издание на Млад отворен театар (МОТ). Претставата е ко-продукција на Драмски театар од Пловдив и народниот теата „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ од Велес.
Во рамките на 49.издание на театарскиот фестивал МОТ, денеска во МКЦ ќе се одржи работилница и перформанс насловен „Мoving inside out“, а подоцна и премиера на претставата „Без крв“, која е дел од двегодишниот меѓународен проект „Манифест“ на Драмски театар – Пловдив и Народниот театар „Јордан Хаџиконстантинов – Џинот“ – Велес.