Во која просто си уживаа „до балчак“, поигрувајќи се со репликите, со партнерите, со публиката, со контекстот… Кастирани, сценаристички, според бројките, а не според „личните имиња“ на ликовите, овие во претставата се: (1), (2), (3), (4), (5), (6), (7), (8), (9), (10), (11), (12). За да не „останат“ актерски безлични и „нумерички обопштени“ ликови-функции („присутни граѓани“, „конвенционални“ поротници кои, во филмот на Сидни Ламет носат граѓански одела и вратоврски, а во филмот на Михалков „неутрална“/„безлична“ облека) – костимографот Александар Ношпал ја облекол строго персонализирано.