1 (102) ■ вести > македонија > политика ■ 22-May 07:36 -> 24-May 18:45
.
.
.
.

Филипче: Конструктивни сме кога е во интерес државата, в понеделник ќе понудам конкретни точки за лидерска средба

  • Филипче од Желино: Дали се однапред договорени фирмите блиски до власта кои ќе работат на проектите од заемот?

  • (Видео) Филипче: Со новото задолжување од 6 милијарди евра јавниот долг ќе надмине 115% од БДП

  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали бизнис тандемот Филипче- Заев имале акции во индиска авиокомпанија?

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, најави дека во понеделник, на Националниот совет за евроинтеграции со кој претседава во Собранието, ќе предложи конкретна агенда составена од најважните точки поврзани со реформскиот пат и националните интереси, за кои најголемите политички партии треба да разговараат на лидерска средба.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ тргна по еден пат кој што не знаеме каде не води, со економски политики кои, како што предупредуваат експертите, не водат во амбис, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот состанок со општинската организација во Желино.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати сериозни предупредувања за нетранспарентноста на Договорот за новото задолжување од 6 милијарди евра, кое го спроведува владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

„Молкот на Венко Филипче е потврда и доказ дека СДС и Филипче не ги интересира народот, туку провизиите од висококатниците во Дубаи и сопствените лукративни интереси.

3 (101) ■ спорт > фудбал ■ 22-May 06:40 -> 24-May 19:30
.
.
.
.

„Бернабеу“ им се поклони на Анчелоти и Модриќ: Реал ја заврши сезоната со триумф (ФОТО)

  • Модриќ по 13 години го напушта Реал Мадрид

  • Шпанците го селат Модриќ во Хетафе

  • Модриќ и Анчелоти денеска последен пат на „Сантијаго Бернабеу“ (ФОТО)

Реал Мадрид славеше со 2-0 против Реал Сосиедад во последното коло од шпанската Ла Лига, но ова ќе се памети како последен меч за Карло Анчелоти на кормилото, но и на Лука Модриќ во првенството во дресот на „кралевите“.

Реал Мадрид и официјално потврди дека Лука Модриќ по цели 13 години минати во клубот си заминува.

Лука Модриќ (39) сè уште не откри каде ќе ја продолжи кариерата, откако објави дека го напушта Реал Мадрид, но шпанските медиуми веќе нудат неочекувано сценарио.

Денеска за Лука Модриќ и Карло Анчелоти мечот од последното 38. коло во Ла ЛИга против Реал Сосиедад, е последен меч во составот на Реал Мадрид.

9 (63) ■ вести > македонија > политика ■ 22-May 07:45 -> 24-May 16:45
.
.
.
.

Мицкоски: Верувам во европскиот сон, но тој мора да биде достапен за сите

  • Каја Калас: Македонија припаѓа во Европската унија

  • Мицкоски: Ние сме подготвени, Европа може да смета на нас, а сега е време и ние да почнеме да сметаме на Европа

  • Калас: Подобро од кој било знаете дека патот до ЕУ не е лесен, но останете на него

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес конференција со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изрази силна поддршка за евроинтегративниот пат на Северна Македонија, но истовремено побара поголема правичност, доследност и лидерство од Европската Унија.

Европската унија останува со Македонија на вашиот пат кон станување членка на унијата.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на заедничката прес-конференција со високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, потенцира дека нашата определба е јасна, земјата припаѓа на ЕУ, за што досега вложила голем труд и направила многу жртви, но напомена дека таа определба треба да биде возвратена.

Европската Унија останува со Македонија на патот кон целосното интегрирање, порача денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Каја Калас на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во Скопје.

10 (22) ■ вести > македонија ■ 22-May 11:28 -> 24-May 17:08
.
.
.
.

Мицкоски: Кирил и Методиј ни го оставија најголемиот подарок - писмото, словото, гласот на нашиот идентитет

  • Кирил и Методиј - македонски и сесловенски светители и просветители

  • Македонија го чествува Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј

Чествување на браќата Кирил и Методиј кои се темелот на писменоста на словенските народи и основачи на словенската азбука Глаголица по која се создаде и кирилското писмо, е доказ дека нивната благородна мисија и ден денес обединува.

Големите македонски и сесловенски просветители Светите браќа Кирил и Методиј се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи.

Со повеќе настани денеска во земјава се одбележува Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, кои се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи.

13 (48) ■ вести > македонија > хроника ■ 22-May 10:36 -> 24-May 15:00
.
.
.
.

Обвинителството поднесе жалба барајќи ефективен притвор за поранешните директори на Онкологија

  • Обвинителството незадоволно од одлуката за куќен притвор за Нино Васев и Нехат Нухи за Онкологија, поднесе жалба

  • Поднесени се две обвиненија за случајот „Онкологија“- Нино Васев и уште тројца лекари давале терапија на пациентите, а знаеле дека нема да имаат никаква корист

  • Куќен притвор за поранешните директори на Онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи

Основното јавно обвинителство Скопје вложи жалба на решението со кое Основниот кривичен суд Скопје определи мерка „куќен притвор“ за двајцата поранешни директори обвинети во предметот „Онкологија”.

Скопското обвинителство вложи жалба на решението со кое Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и на организациски директор Нехат Нухи, во предметот „Онкологија”.

Јавното обвинителство денеска на прес-конференција откри шокантни информации околу истрагата за случајот „Онкологија“.Медицинскиот директор е обвинет за незаконска набавка на лекови од Фондот за здравствено осигурување, а за третманот пациенти опфатени се четири лекари онколози, меѓу кои и поранешен директор на Онкологија.

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд им определи мерка „куќен притвор“ на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и на организациски директор Нехат Нухи.

Повеќе од
оваа категорија

8 (7) ■ спорт > фудбал ■ 24-May 13:00 -> 24-May 19:00
.
.
.
.

ВИДЕО: Луд пресврт на „Вембли“, Сандерленд се врати во Премиер лигата!

  • Невидена драма: Сандерленд со гол во 95. минута до последниот билет за Премиер-лигата

Екипата на Сандерленд со чудесен пресврт успеа да го надигра Шефилд Јунајтед во финалето од плеј-офот во англискиот Чемпионшип и славеше со конечни 1-2 (1-0), обезбедувајќи учество во Премиер лигата следната сезона.

Сандерленд е последниот учесник во новата премиерлигашка сезона откако во драматичниот бараж на „Вембли“ оваа екипа славеше над Шефилд јунајтед со 2-1. Откако во полуфиналето од разигрувањето со гол во 121. минута стигна до билет за ова финале на „Вемблди“, тимот на Сандерленд повторно блесна кога беше најважно, со гол во судиското продолжение (95. минута) славејќи во „мечот вреден 200 милиони фунти“, колку што вреди влезот во Премиер-лигата.

23 (31) ■ спорт > фудбал ■ 22-May 19:45 -> 24-May 18:39
.
.
.
.

(Видео) Нереални слики - Неапол „гори“

  • (Видео) Неапол е подготвен да ја слави шампионската титула

  • ВИДЕО: Неапол свети како Лас Вегас - еве како се славеше титулата во градот на Марадона!

  • Наполи нов шампион на Италија

Фудбалерите на Наполи се шампиони на Серија А за сезоната 2024/25. Тимот на Антонио Конте го освои Скудетото по втор пат во последните три години, откако во последното коло го победи Каљари со 2:0. Ова е четврта титула за клубот од Неапол во историјата, а речиси половина милион навивачи сакаа да го имаат своето место на стадионот „Диего Армандо Марадона“, чии капаситет е 10 пати помал.

Еуфорија се чувствува на секој чекор во Неапол, тимот на Антонио Конте, вечерва може да ја освои титулата во Серија А. Малку им треба на Наполитанците да се „запалат“, тие веќе почнаа да ја слават титулата, ако ја освојат, тоа ќе им биде втора во три сезони, по исходот од бурното претпоследно коло.

Започна најлудата фудбалска забава во Европа – Наполи повторно е шампион на Италија.

Наполи го победи Каљари на домашен терен во 38-то коло од Серија А со 2:0 и по четврти пат стана шампион на Италија.

37 (32) ■ спорт ■ 23-May 10:14 -> 24-May 16:15
.
.
.
.

Лазаров: Имаме одлична предност пред реваншот со АЕК, но секогаш сум претпазлив

  • Лазаров: Не сакам играчите да бидат под притисок, нека уживаат во натпреварот

  • Минов: Да навиваме фер и со срце - Напред Алкалоид!

  • Иван Галевски: „Летово нема да одам на одмор во Грција!“

Ракометарите на Алкалоид се подготвуваат за реваншот со АЕК в недела во финалето на ЕХФ Европскиот куп.

Извор/ rkalkaloid.mk Еден натревар, 60 минути го делат РК Алкалоид од трофејот во Европскиот куп.

Драга публико, почитувани навивачи, наш осми играч на теренот, во пресрет на финалниот ракометен напревар од ЕХФ Европскиот куп меѓу РК „Алкалоид“ и РК „АЕК“, упатуваме искрен апел до нашите поддржувачи – да jа покажеме љубовта кон македонскиот ракомет и кон ракометниот клуб АЛКАЛОИД со фер и спортско навивање, изјави Горан Минов, претседател на РК „Алкалоид“.

Алкалоид во недела има шанса да освои европски трофеј, доколку успее да ги сочува четирите гола предност од првиот меч против АЕК во Атина, нешто во што воопшто и не се сомневаме.

Повеќе од
оваа категорија

95 (18) ■ бизнис > економија > политика ■ 22-May 05:02 -> 23-May 08:45
.
.
.
.

Почнати се подготовките на ребалансот, од вчера пуштени барањата до институциите за податоци за капиталните инвестиции

  • Германски бизнисмени во Стопанската комора: Во време на несигурност, стопанската соработка е исклучително важна

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска информира дека почнале подготовките на ребалансот на Буџетот, како и дека од вчера се пуштени барањата до институциите за доставување податоци за капиталните инвестиции.

Делегација на германската Бизнис асоцијација предводена од членот на Управниот одбор на Асоцијацијата Кристоф Бек, денеска, беше во посета на Стопанската комора на Северна Македонија каде остварија средба со претседателот на Комората Бранко Азески и тим од македонски бизнисмени.

171 (5) ■ бизнис > македонија ■ 23-May 11:22 -> 23-May 14:39
.
.
.
.

Божиновска: Потребна е координирана акција во борбата со аерозадувањето и систем кој нема да дозволи злоупотреби

  • Божиновска: Владата за зелена иднина

Министерката за енергетика Сања Божиновска денеска на надзорната расправа за аерозагадувањето, што се одржува во Собранието, истакна дека Министерството е свесно за влијанието на традиционалните енергетски капацитети, но дека проблемот со загадувањето треба да се бара и во злоупотребата на системот односно користењето на штетни горива од сомнително потекло за лична и имотна корист.

На денешната надзорна расправа во Собранието на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“ се обрати министерката за енергетика, рударство и минерални суровини од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Сања Божиновска.

306 (5) ■ сцена > култура ■ 22-May 07:52 -> 22-May 11:56
.
.
.
.

Заврши второто издание на Деновите на поезијата - Културната разновидност не претставува закана, туку збогатување

  • Сотирис Минас во Скопје: Македонската поезија заслужува да се слушне зашто ја носи душата на еден народ

„Љубовта кон македонскиот јазик се роди од потребата да се поврзам суштински со луѓе кои беа потиснувани само затоа што го зборуваа својот јазик“, изјави Сотирис Минас, кој дојде од Атина специјално за настанот „Македонско-грчки поетски координати“ во рамките на второто издание на Деновите на поезијата кои, во организација на фондацијата Ацо Шопов – завршија вчера во книжарницата Литаратура.мк во Скопје Сити Мол.

„Љубовта кон македонскиот јазик се роди од потребата да се поврзам суштински со луѓе кои беа потиснувани само затоа што го зборуваа својот јазик“, изјави Сотирис Минас, кој дојде од Атина специјално за настанот „Македонско-грчки поетски координати“ во рамките на второто издание на Деновите на поезијата кои, во организација на фондацијата Ацо Шопов – завршија синоќа во книжарницата Литаратура.мк во Скопје Сити Мол.