Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ) упати отворено писмо до градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и Јавното сообраќајно претпријатие во кое поставува ултиматум за нормализирање на јавниот превоз во Скопје до крајот на денешниот ден (21 ноември). Во спротивно, ќе се приклучат на протестот најавен за петок (22 ноември). „По спроведената анкета на која одговорија над 3150 студенти, 84% од нив во последните денови чекаат автобус повеќе од 15 минути, а 65,9% од нив, чекаат автобус над 20 минути.
Над 28.000 студенти излегуваат на протест ако градоначалничката Данела Арсовска и ЈСП не најдат решение за јавниот превоз во Скопје.