Министерството за култура и туризам денеска го објави Конкурсот за финансирање проект од национален интерес, манифестација „Град на културата во 2025 година“.
Како што информира ресорното министерство, на Конкурсот, чија цел е создавање услови за рамномерен културен развој, достапност на културните вредности за граѓаните, како и заживување на културата на локално ниво, може да учествуваат општините во земјава, со исклучок на Град Скопје и општините во Град Скопје.