Во рамките на „Месец на Пучини“ на 23 ноември со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Тоска“ од Џакомо Пучини, музичка драма во вистинска смисла на зборот, монументална, брилијантно оркестрирана, реалистична опера во три чина . Љубовта, страста, љубомората и политичките интриги се движечките драмски елементи на овој „оперски трилер“. Netpress
Либретото се базира на драмата „Тоска“ од Викториен Сарду.
Светската премиера на операта е одржана на 14 јануари 1900 г. во Рим, Италија. Novamakedonija