Трпчески има работено со голем број истакнати диригенти, меѓу кои и: Лорин Мазел, Владимир Ашкенази, Марин Алсоп, Густаво Дудамел, Кристијан Мачелару, Џанандреа Носеда, Василиј Петренко, Владимир Јуровски, Антонио Папано, Габриел Бебешелеа, Давид Цинман… Неговата долгорочна соработка со Василиј Петренко резултира со богата дискографија; меѓу другите и заедно со Кралскиот ливерпулски филхармониски оркестар ги сними сите пијано-концерти на Рахманинов и пијано-концертите на Чајковски и Прокофјев… Во сезоната 2023-2024, како резидентен уметник со Кралскиот шкотски национален оркестар, Трпчески го сними својот најнов албум за „Лин рекордс“, кој ќе ги содржи концертите бр. 2 и бр. 5 на Сен-Санс под диригентство на Томас Сондергард. Novamakedonija