Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
5
32.49
19.16
0.58/0.90
5.00
2.52
0.50
529.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 5
4 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 362.1
Best clustering variants
4 0.99/0.01 2 362.1
Republika

„Искрено сметам дека токму ова се навистина гестови на меѓусебна доверба и пријателство кои и во иднина очекуваме да се надградуваат и дополнително да ги зацврствуваат културните врски што постојат меѓу нашите две пријателски земји“, рече министерот Љутков на свеченоста во МНТ.

По повод 30-годишнината од дипломатските односи меѓу двете земји, гостите ги поздравија комесарот за културна соработка на Јапонија, Шуничи Токура, јапонскиот амбасадор Оцака Казуја и заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, кои ги подвлекоа исклучително добрите билатерални односи, поддршката што Јапонија ја дава на Македонија како еден од најголемите донатори, а беше истакнато и македонско-јапонското пријателство кое има цврст темел и кое во иднина уште повеќе ќе се продлабочува. Republika

Kanal5

Пред присутните гости, дипломатскиот кор, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и комесарот за културна соработка на Јапонија, Шуничи Токура, се обрати министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој изрази уверување дека и во иднина, низ заеднички дијалог и соработка, ќе работиме на континуитетот и желбата заеднички да ја градиме понатамошната културна соработка меѓу Македонија и Јапонија.

„Комесарот Токура, од земјата на изгрејсонцето, денес е драг гостин во земјата на сонцето, меѓу пријатели, меѓу свои, меѓу луѓе што исклучително високо ја ценат и ја вреднуваат јапонската култура“, рече министерот Љутков, изразувајќи благодарност за донациите во културата од Јапонија, кои се знак на пријателство и се драгоцен придонес за развој на македонската култура и зацврстување на меѓусебните односи. Kanal5