На 09.07.2025 година во периодот од 16.00 до 22.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција-Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на ОВР Кичево, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
При акциската контрола на територијата на ОВР Кичево за санкционирање возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, полицијата санкционирала 86 возачи.