Детскиот ум, иако многу слободен и креативен, треба да знае што е добро, а што лошо, да поставува граници и да не потпаѓа под влијание – е пораката на филмот Премиерата на краткометражниот игран филм „Ракетно моделарство“, работен по сценарио и режија на Златко Калеников, а во продукција на „Стримон филм Скопје“, се одржа во полната сала на киното „Синеплекс“.
Од бината, публиката беше поздравена од дел од екипата на филмот, која ја сочинуваат познатите македонски актери: Никола Ристановски, Катерина Коцевска и Петар Мирчевски, како и децата што играат во филмот, Дамјан Ѓуроски во улогата на Калин, Матја Милан како Леа, Бранислав Пеликон како Нешко и Максим Радевски во улогата на Стајка, потоа продуцентите на филмот, Златко Калеников и Марија Димитрова, директорот на фотографија, Наум Доксевски, сценографката Александра Чевреска, костимографката Роза Трајческа-Ристовска… Проектот беше реализиран со поддршка од Агенцијата за филм на Македонија и Македонската радио-телевизија, а обработува тема од детскиот живот, каде што сите ние сме биле некогаш под нечие влијание.