Обвинетиот Велибор Манев, еден од обвинетите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, денеска во судница даде исказ за двојното убиство.
Со распит на обвинетите за убиството на Вања и Панче, во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за двојното убиство за кое се обвинети Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски.
Со распит на обвинетите за убиството на Вања и Панче, во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања и велешанецот Панче кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.
По 150.000 евра од Љупчо Палевски Палчо требало да добијат Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боро Видевски, според првичниот план кој го имале, односно за грабнување на 40-годишна жена.