Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
4
2.75
8.38
0.62/0.12
4.00
1.15
0.29
255.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 4
5 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 31.5
Best clustering variants
5 0.99/0.01 2 31.5
Nezavisen

„Француското издание на ‘Не одам никаде’ од Бужаровска следува откако претходно ‘Галимар’ ја издаде и ‘Мојот маж’, додавајќи го своето издание на листата од петнаесет преводи на збирката што оствари и шест театарски продукции во земјава и странство“, посочуваат од ТРИ.

Основана во 1911, а од 1919 година позната под името „Библиотека Галимард“, француската издавачка куќа е една од највлијателните издавачки куќи на дваесеттиот век, кога објавувала дела на Марсел Пруст, Жан Пол Сартр, Албер Ками… „Задржувајќи го своето реноме и денес, ‘Галимар’ е издавач кој преку своите внимателно избрани изданија ги запознава француските читатели со писатели добитници на Нобеловата награда за книжевност и со современи гласови кои автентично го пренесуваат духот на времето.“ Од ТРИ дополнуваат дека „Не одам никаде“, по изданијата во САД, Турција, Унгарија, Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Франција, во март ќе добие и шпански превод во издание на „Импедимента“, додека, пак, „Мојот маж“ го очекува и својот бразилски превод во издание на „Тодавиа“. Nezavisen