Вчера во Скопје беше погребана актерката Весна Стојановска – Николовска (66), познат лик од малите екрани, посебно од периодот кога беа доста актуелни и популарни Македонските народни приказни, но исто така позната и по бројни улоги во ,,Солунски патрдии”, ,,Еурека”, ,,Тврдокорни”, ,,Последната македонска елегија” и други.
На популарната Фејсбук страница „Бардовите на македонското глумиште“ осамна тажна вест за смртта на актерката Весна Стојановска Николовска.