Почитувани, Македонскиот диригент Виктор Митревски, кој живее и работи во Виена, на 8 и 10 јануари настапи како гостин диригент во Операта во Малме, Шведска во новата продукција на една од најизведуваните опери од Моцарт – „Така прават сите“ („Cosi fan tutte“). Претставата доживеа голем успех на сцената на операта во Малме, беше поздравена со овации од публиката и позитивни критички осврти во шведските медиуми.
Македонскиот диригент Виктор Митревски на 8 и 10 јануари настапи како гостин диригент во Операта во Малме во Шведска, во новата продукција на една од најизведуваните опери од Моцарт „Така прават сите“ („Cosi fan tutte“). Оваа поставка на „Така прават сите“ носи поднаслов „Училиште за љубовници“ и претставува модерна интерпретација на Моцартовото ремек-дело.