Во листата на предложени проекти се застапени понови жанрови, како: слем-поезија, стрип-литература, графички романи, инклузивни книги за деца со попреченост, хибридни изданија со Брајово писмо и др. Поддржани се оригинални дела од врвни македонски писатели и академици, монографии и академски стручни публикации, превод на литература од странски јазици, електронски публикации, е-книги и дигитални изданија, детска литература и публикации на истакнати автори и дела на дебитанти, додаде Љутков. Nezavisen