На 60-годишна возраст почина Теофил Панчиќ, еден од најистакнатите новинари и писатели од поранешна Југославија.
Во текот на неговата богата кариера беше препознаен како остар коментатор на општествени и политички настани, долгогодишен колумнист на неделникот Време, политички коментатор на Радио Слободна Европа и соработник на бројни регионални и меѓународни медиуми. A1on
Неговите текстови се занимаваа со анализа на општеството, културата и политиката, често со изразена критичка острина.
Како колумнист и есеист, Панчиќ се здоби со репутација на остар, прецизен и бескомпромисен аналитичар и голем интелектуалец, чии зборови имаа силна резонанца во јавноста. A1on