„Простување“ од Кица Колбе („Или-или“), „Светот што го избрав“ од Калина Малеска („Или-или“) и „И ѕирка и проѕирка“ („Антолог“) се трите романи што влегоа во најтесниот избор за годинашната награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. A1on
Како една од спецификите на годинашниот конкурс е фактот дека во најтесниот избор влегоа романи напишани од авторки, што е своевиден куриозитет во историјата на наградата.
Наградата „Роман на годината“ за 2024 година, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, а е и поддржана од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија, се состои од плакета, статуетка и паричен износ од 150.000 денари што го добива авторот, во случајот авторката, на победничкиот роман. Nezavisen