Лауреатот на наградата „Роман на годината“ за 2024 година ќе биде соопштен денеска на прес-конференцијата во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје, со почеток во 12 часот.
Во најтесниот избор за наградата што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ годинава влегоа трите романи: „Простување“ од Кица Колбе („Или-или“), „Светот што го избрав“ од Калина Малеска („Или-или“) и „И ѕирка и проѕирка“ („Антолог“). Жири-комисијата е составена од Лидија Димковска, Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј ал-Асади и Катерина Богоева. Kanal5