За 2,5 денари поевтинува бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, а за два денара бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.
Дизел горивата и бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95 од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денари по литар, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,85 отсто во споредба со претходната пресметка.
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,85 % во однос на одлуката од 8.04.2025 година.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС од полноќ се намалува за 1,257 денари и еден килограм ќе чини 37,708 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.