Со официјална промоција, денес во Општина Кисела Вода беше лансиран иновативниот проект „City and Me“ – дигитална платформа која веќе брои над 30.000 корисници низ Балканот и која првпат се имплементира во една македонска општина.
Апликацијата, развиена преку соработка помеѓу Општина Кисела Вода, платформата „City and Me“ и партнерот „Стартап Македонија“, претставува мост меѓу граѓаните и институциите, создавајќи една поинаква слика на урбано живеење – попаметно, поодговорно и поеколошко.
„Преку „City and Me“, секој жител на Кисела Вода кој ќе избере да пешачи, да вози велосипед, да рециклира, да пријави проблем или да гласа за решение за локален проблем, ќе може да добие симболична, но многу значајна награда – токен.
Тој може да се искористи за билет во кино, дрвце кое ќе го носи неговото име, кафе со пријател, или друга услуга во нашите локални деловни објекти кои се приклучија како партнери во оваа платформа. Skopjeinfo
Горди сме што Кисела Вода е првата општина во Македонија што ја имплементира иновативната мобилна апликација City and Me, развиена во партнерство со нашата општина, платформата City and Me и Startup Македонија.
Оваа апликација овозможува граѓаните да учествуваат активно во подобрување на средината преку пешачење, возење на велосипед, пријавување проблеми и гласање за локални решенија – и за сето тоа да добиваат токени кои можат да ги користат за конкретни награди, како билети, кафе, садници и многу други бенефити кај нашите партнери во овој проект. Kanal5
Таа ги наградува жителите за секој чекор што го прават за подобрување на својата околина – од пешачење, возење велосипед, до пријавување локални проблеми, учество во дигитални анкети и гласања, како и други форми на локален активизам.
За секоја ваква активност, корисниците добиваат City&Me токени, кои потоа можат да ги искористат во локални партнерски бизниси – за попусти или бесплатни производи и услуги. Kanal5
Апликацијата, развиена преку соработка помеѓу Општина Кисела Вода, платформата „City and Me“ и партнерот „Стартап Македонија“, претставува мост меѓу граѓаните и институциите, создавајќи една поинаква слика на урбано живеење – попаметно, поодговорно и поеколошко. Kanal5
Тој додаде дека зад оваа идеја стои едноставна, но моќна порака – дека секој мал чекор, секое мало дело, може да создаде голема разлика.
„Денес, сите заедно ја потпишуваме и Декларацијата за зелени промени, со која се обврзуваме дека ќе ја штитиме животната средина и ќе ги поттикнуваме граѓаните да учествуваат во зелени практики, ќе соработуваме отворено – институции, компании и граѓани – за поодржливо и почисто урбано живеење, ќе создадеме мрежа на Зелени херои кои преку оваа платформа ќе ја менуваат реалноста – чекор по чекор. Skopjeinfo
Искрено им се заблагодарувам на тимот што ја создаде апликацијата, на Startup Македонија за партнерството, како и на сите општествено одговорни компании кои се приклучија на оваа иницијатива.
Најголема благодарност упатувам до нашите граѓани – кои со своето учество покажуваат дека Кисела Вода е подготвена за еден нов, поодговорен и поврзан начин на живеење, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Netpress
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
По 100.000 корисници во Србија Словенија и Црна Гора, денес Кисела Вода станува првата дигитализирана зелена општина во Македонија која ќе го поттикне активното граѓанство Но активното граѓанство не значи само да рециклираме, да чуваме паркови или да се пожалиме на апликација.
Тоа значи да почнеме од себе – да бидеме здрави, продуктивни, свесни и ангажирани. Netpress
Меѓу партнерите, во моментов, се вклучени Киноверзум, повеќе кафулиња, ресторани, и други локални деловни субјекти кои ја поддржуваат идејата за еколошки и општествено одговорна општина.
Преку апликацијата ја зајакнуваме врската меѓу општината и граѓаните – секој глас се брои, секое позитивно однесување се наградува. Kanal5
По иницијатива на претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, во соработка со НУБ „Св. Климент Охридски” – Скопје, почнува акција за дистрибуција на примероци од Правописот на македонскиот јазик во сите основни училишта низ државата.
По иницијатива на претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, во соработка со НУБ ,,Св. Климент Охридски” – Скопје, започнува акција за дистрибуција на примероци од „Правописот на македонскиот јазик“ во сите основни училишта низ државата.
Реализирањето на меморандумот за продолжување на соработката меѓу Црногорско народно позориште (ЦНП) и Македонскиот народен театар (МНТ) почна со гостување на две македонски претстави.
Македонскиот народен театар со претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, а во адаптација и режија на Егон Савин, ќе гостува во Народно позориште – Белград.
„Проширувањето на ЕУ со Западниот Балкан и интеграцијата на Северна Македонија во Унијата е незавршен процес.
Министерот за европски прашања на Унгарија, Јанош Бока денеска ќе одржи отворено предавање на универзитетот Скопје.
Проширувањето на ЕУ со Западниот Балкан и интеграцијата на Македонија во Унијата е незавршен процес.
Работник е повреден на работното место во фирма во Гази Баба.
Вчеравечер се оддржа првиот тематски настан на тема “Гази Баба за спортот” на кој беа презентирани постигнатите резултати во областа на спортот во мандатниот период 2021 – 2025 година под раководство на градоначалникот Бобан Стефковски, соопштија од општина Гази Баба.
Денеска во владата на Република Македонија министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски во соработка со организацијата “Македонија 2025”, оствари средба со претставници од стопанските комори и приватниот сектор.
Од 3 април до 14 мај е отворен првиот пакет на претстојни повици во рамки на програмата „Дигитална Европа“ на Европската комисија за 2025 година кој се однесува на дигиталните иновациски хабови.