На прославата по повод Денот на сесловенските просветители, во рамките на настанот „Македонија во чест на Свети Кирил“, вечерва во Рим беше одржан концертот „Македонисимо“ на Симон Трпчевски.
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска и утре (23 и 24 мај) престојува во Рим, Италија, како дел од државно-црковната делегација предводена од претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова.
Делегацијата денеска присуствуваше на молебенот во базиликата „Сан Клементе“ во Рим, со кој чиноначалствуваа владиците Јосиф и Јаков, заедно со претставници од Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
Фото: Претседател Претседателката Гордана Силјановска Давкова и државно-црковната делегацијата кои се во посета на Рим и Ватикан по повод одбележувањето на Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј, денеска положија венец цвеќе пред спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј која се наоѓа во базиликата „Санта Марија Маџоре“.