В сабота 28 март, најпрвин ќе се одржи проекција на „Вереницата на поетот“ на Јоланда Моро, во организација на Амбасадата на Белгија во Софија, а малку подоцна ќе биде прикажан филмот „Вашите лица секогаш ќе ми бидат пред очи“, петкратен добитник на наградите Цезар, на Жана Ери, во организација на Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција.
В понеделник 30 јуни, со проекција на филмот „Ру“, на Шарл-Оливие Мишо во организација на Амбасадата на Канада во Белград, ќе биде затворена манифестацијата. 24info
Амбасадата на Грција во Скопје го отвора овогодинешното издание на Неделата на Франкофонски филм со проекција на филмот „Ривиера“, грчко-француска копродукција од 2024 година, која претставува горчливо-слатка приказна за процесот на созревање , емоционалната конфузија што ја вклучува и силата да се продолжи напред. Okno