Од денеска, четврток 26 јуни до 28 јуни, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ), ќе се одржи седмото издание на „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ). Тридневната ревија ќе понуди богата програма од најновите македонски кратки, документарни и долгометражни филмови, а влезот за сите проекции е бесплатен.
Со проекција на пет краткометражни македонски филма, денеска во 18 часот ќе бидат отворени Деновите на македоснкиот филм „Златна рамка“, што ги организира Друштвото на филмските работници на Македонија.