Како што додаде Трајков, се работи за вообичаена пракса применета на повеке стрип фестивали , што спаѓа во негов директен ангажман и иницијатива . Во втората вечер(28.06) Доделени се награди за најдобрите од стрип конкурсот трипови, за кои одлучуваше жири составено од претседателот Ласко Џуровски (стрип карикатурист и илустратор), Милорад Вицановиќ Маза (стрип карикатурист и илустратор) и Марко Стојановиќ (стрип сценарист и теоретичар). Според жирито , најдобар млад сценарист е Војдан Андонов од групацијата „ПАРАГОНС ” од Скопје за стрип нацртан од Марко Марковиќ ,исто така од оваа групација на млади стрип автори .Тука не завршува успехот на овој тим , бидејки Александар Бараковски е добитник на диплома во категорија на најдобра илустрација . Завршниот ден на оваа балканска смотра беше наменет за получасовни панел промоции на присутни автори од стрип сцени од разни земји, мегу кои и бројните присутни автори од Македонија. Biznisvesti