Дирекцијата за култура и уметност на Скопје в понеделник повикува на џез концерт на Ѓорги Шаревски трио во Сули ан со почеток во 20.30 часот.
Во рамки на програмата на Скопско лето 2025 на 30 јуни, понеделник со почеток во 20,30 часот ќе се одржи ексклузивниот концерт на Георги Шарески Трио во Сули ан (Стара Чаршија). Овој концерт претставува извонредна интеркултурна музичка соработка, каде што триото на македонскиот гитарист и композитор Георги Шарески се обединува со врвниот јапонски тапанар Акира Накамура, како и со истакнатиот контрабасист Оливер Јосифовски.