Синоќа, во исполнетиот простор на Платото пред Офицерски дом во Битола, во рамките на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ”, публиката имаше можност да доживее едно вистинско уметничко патување низ љубовта, болката и надежта преку уникатниот проект „Мевлем”.
Битолското културно лето „Бит фест“, вечерва во Офицерскиот дом во Битола со почеток во 21:00 часот, ќе биде домаќин на прекрасна вечер во која музиката низ Проектот „Мевлем“ ќе зборува за љубовта, болката и надежта… Проектот „Мевлем“, претставува уникатен спој на авторска музика и поезија од композиторот и поет Марко Виденовиќ, кој наиде на извонреден прием и сериозен одек меѓу публиката и културната јавност, како во земјава така и надвор од неа.