Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
37
47.08
35.28
8.37/4.46
37.00
15.90
0.43
3322.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 37
75 ■ 0.99/0.01 ■ 4 ■ 653.1
Best clustering variants
75 0.99/0.01 4 653.1
13:29 h 14-Jul-2025
  • понеделник, 14 јули 2025 По повод партнерството на A1 како генерален спонзор на фестивалот Охридско лето 2025 - интервју со Бранкица Толевска, раководител на Оддел за корпоративна стратегија, бизнис трансформација и корпоративни комуникации во А1 Македонија Во ера кога технологијата ја менува секоја сфера од нашиот живот, A1 Македонија со гордост ја презема улогата на генерален спонзор на Охридско лето, фестивал кој претставува „свеж бран култура“ и ја носи традицијата на македонската уметност во современ контекст.
  • ◉ A1 и Охридско лето, свеж бран култура што поврзува без граници
02:00 h 13-Jul-2025
  • Охрид од вечерва се до 20 август ги живее своите 40 дена возбуда што ги носи фестивалот „Охридско лето“.
  • ОТВОРЕНО ОХРИДСКО ЛЕТО: Охрид се отвора како волшебна школка и од него 65 години излегува највредниот бисер - уметноста
Denesen

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска палка на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар беше отворено годинешното 65-то издание на најголемата и најпознатата музичко сценска манифестација во земјата, фестивалот „Охридско лето“.

Фестивалот за отворен го прогласи покровителот на манифестацијата, претседателката на државата, Гордана Сиљановска – Давкова, која истакна дека вистинската уметност не е рамнодушна, туку длабоко хумана, не е бескрвна, туку бунтовна, не е привремена, туку безвременска… -На бреговите на древното и се уште прекрасно езеро, под ѕвездениот свод и под Самуиловите кули, течеле тегобни и среќни времиња, се нижеле милениуми и векови, се менувале царства, ропства, окупации и ослободувања, се граделе и осветувале цркви, манастири, школи и куќи, се пишувале азбуки и книги, се сликале фрески и икони со божја помош, се пееле молитви, но и свадбарски песни, се бодрела верата, се челичел умот, се негувала љубовта, се изразувала страста…Охрид е град на вековни дијалози: минатото комуницира со сегашноста, светците и свештениците со верниците, рибите со рибарите и галебите, уметниците со езерската шир, со планините и небото, домаќините со гостите… Од двата брега на езерото, инспирација црпеле првиот македонски романтичар, Константин Миладинов, но и првиот албански модернист, Лазгуш Порадеци, рече таа. Denesen

Vestiplus

На бреговите на древното и сѐ уште прекрасно езеро, под ѕвездениот свод и под Самуиловите кули, течеле тегобни и среќни времиња, се нижеле милениуми и векови, се менувале царства, ропства, окупации и ослободувања, се граделе и осветувале цркви, манастири, школи и куќи, се пишувале азбуки и книги, се сликале фрески и икони со божја помош, се пееле молитви, но и свадбарски песни, се бодрела верата, се челичел умот, се негувала љубовта, се изразувала страста… Охрид е град на вековни дијалози: минатото комуницира со сегашноста, светците и свештениците со верниците, рибите со рибарите и галебите, уметниците со езерската шир, со планините и небото, домаќините со гостите… Од двата брега на езерото, инспирација црпеле првиот македонски романтичар, Константин Миладинов, но и првиот албански модернист, Лазгуш Порадеци.

Во фестивалските ноќи, кога уморното сонце ќе зажари и исчезне, а уметноста ќе запее и заигра со универзумот, кога охриѓани ќе ги прифатат славните, но и обичните новодојденци како блиски пријатели, кога градот ќе стане светска уметничка република, чии сезонски жители се жедни и желни за уметност, секој знае и чувствува дека се случува „Охридско лето” во кое учествуваат врвни културни творци и дејци. Vestiplus

Vistina

Во продолжение е интегралното обраќање на претседателката Сиљановска-Давкова: Почитуван претседател Бајрам Бегај, Почитуван премиер Христијан Мицкоски, Почитувани министри, Почитуван градоначалник Кирил Пецаков, Почитувани претставници на дипломатскиот кор, Сакани охриѓани, врвни уметнички учители, талентирани и посветени ученици, вљубеници во уметноста и во културата, почитувани гости, Верувам дека нашиот чуден, а напати и бизарен свет, обременет со стравови, конфликти и неправди, има насушна потреба од духовност, убавина, светлина, копнеж и надеж!

Сепак, соочени со небиднината, мислам дека вреди, инспирирани од Ниче, да побараме спас во музиката и играта, докажувајќи дека животот не е грешка и дека вреди да се живее тука и сега, без лоши мисли и намери, со отворено срце и ослободен ум. Недалеку од тука, во црквата Св. „Софија“, големиот француски поет Жан Пјер Симеон рече дека уметноста ѝ „дава смисла на човечката авантура во овој безмилосен свет“. Vistina

Inovativnost

Поддршката од А1 Македонија овозможува оваа приказна да добие нови димензии, со современ пристап и иновативен дух кој го обединува минатото и иднината,“ изјави Ѓорѓи Цуцковски, директор на фестивалот Охридско лето.- Advertisement - Фестивалската програма започна со голем симфониски концерт на Македонската филхармонија, под диригентската палка на Едвин Оутвотер (САД), со солистички настап на пијанистката Клер Хуангчи (САД). Концертот беше збогатен со иновативен 3D мапинг Рафаел Карико (Португалија), специјално подготвен за отворањето, со што се создаде вистинско аудиовизуелно доживување за публиката од земјата и странство.

Покрај својата улога како генерален спонзор, А1 Македонија активно учествува во фестивалската атмосфера во текот на целото лето со низа креативни и интерактивни содржини што публиката може да ги следи на А1 профилите на социјалните мрежи. Inovativnost